Тадиќ: Србија треба да биде горда на нас

Фудбалската репрезентација на Србија со пораз (0-2) од Бразил го заокружи настапот на Светското првенство во Русија. Осминафиналето остана недостижна цел, но фудбалерите на нашиот северен сосед се сепак задоволни од она што го прикажаа на Мундијалот. Играчот за врска Душан Тадиќ вели дека Србија треба да биде горда затоа што беше учесник на Светското фудбалско првенство.

„Треба да бидеме горди, како и цела Србија на нас. Сакавме најдобро, дишевме како еден, создадовме одличен дух, имавме неверојатна атмосфера. Сакавме да дојдеме и до резултат против Бразил и знаевме дека ќе имаме свои шанси. Да искористевме барем една можност, сигурно дека мечот ќе беше сосема поинаков. Но, Бразил е еден од фаворитите за освојување на титулата и мислам дека одлично им париравме“, изјави Душан Тадиќ по поразот од „кариоките“.

Се вчитува...