Таеквондистот Георгиевски го освои златото на силниот „Софија опен“

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски го освои златниот медал во категоријата до 87 килограми на силниот турнир од Г-1 категорија „Софија Опен 2018“ во Бугарија.

На турнирот кој е во рамките на серијата натпреварувања кои се бодуваат и за пласман на Олимписките игри во Токио 2020, Георгиевски извојува четири победи.

Во првите елиминациски рунди беше подобар од Србинот Марчетиќ, потоа од Аргентинецот Марсион Сијо за да во полуфиналето го победи убедливо Катан од Јордан. Во финалето славеше и против Михаил Шелест од Украина исто така убедливо со 17-8.

На турнирот во Софија, Анамарија Георгиевска стигна до сребрениот медал во јуниорска конкуренција.

Се вчитува...