Тајсон Фјури му кажа збогум на боксот

Британскиот боксер, Тајсон Фјури, на социјалните мрежи објави дека ја завршува кариерата. Конечното збогум од рингот Фјури го најави на својот Инстаграм профил.

Бев благословен во животот  и во кариерата, постигнав се во боксот. Ова беше епско патување. Им благодарам на сите навивачи за поддршкатаи за довербата што ми ја дадоа во текот на целата кариера. Се надевам дека уживавте исто колку и јас. Крај“ – напиша Британецот.

Пред две години Фјури беше на врвот на својата кариера, го победи Владимир Кличко и стана светски шампион во тешка категорија, а потоа се тргна надолу. Боксерот им се оддаде на дрогата и на алкохолот и тоа на крај му ја уништи блескавата кариера.

Неодамна тој најавуваше големно враќање во рингот и се шпекулираше дека ќе го предизвика актуелниот светски шампион, Ентони Џошуа, но на крај  Фјури ја смени одлуката и реши да му каже збогум на боксот.

tajson fjuri

Се вчитува...