Тајсон Фјури се враќа во рингот

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, се враќа во рингот. Боксерот кој себе си се нарекува „крал на Циганите“, на својот профил на Инстаграм објави дека дефинитивно ја прекинува пензијата и им се закани на противниците дека „доаѓа по тоа што му припаѓа“.

Боксот е мојата животна професија. Без разлика на пречките што ќе ми се најдат на патот, ќе се вратам во боксот и ќе ја освојам светската титула. Првпат по 16 месеци, уште од моментот кога заврши мечот со Кличко, сигурен сум каква ќе биде мојата иднина. Ќе ја намалам тежината и ќе го сменам целосно мојот живот. Поминав низ пекол и не можам да сторам ништо во поглед на тоа“ – објави Тајсон Фјури.

Британскиот боксер во октомври 2015 година изненадувачки стана сопственик на шампионскиот појас во ВБА, ИБВ, ВБО, ИБО верзија со триумфот над Владимир Кличко кој важеше за огромен фаворит во оваа пресметка.

Но, после најголемиот успех во кариерата, Тајсон Фјури влезе во бројни проблеми што резултираше со суспензија и повлекување од професионалниот бокс. Прво Британецот беше етикетиран како сексист и хомофоб поради скандалозниот коментар дека „најдоброто место за жената е на нејзиниот грб“, а потоа беше откриено и дека е позитивен на кокаин. По анализата во која е откриено дека е користел кокаин, Британскиот борд за контрола на боксот му  ја одзеде лиценцата и титулите во ВБО, ВБА и ИБО верзија. Претходно му беше одземен и ИБФ шампионскиот ремен.

Фјури во информацијата за своето враќање во рингот наведува дека тоа ќе се случи на 13 мај.

Се вчитува...