Така не се станува шампион: Сакаат да се сликаат, наместо да играат со Меси (видео)

Лионел Меси освои буквално се во кариерата со Барселона, но не може да се пофали со ниту еден трофеј во дресот на сениорската репрезентација на Аргентина. Еден од клучните проблеми е претставен и на ова видео, на почетокот од подготовките на „гаучосите“ за Копа Америка. На него, Меси позира со голем дел од своите репрезентативни колеги, кои наместо да се обидат да минат што повеќе време со него на тренинзите, позначајно им е да го овековечат моментот со заедничка фотографија.

Меси со години наназад е критикуван за слабите резултати на Аргентина на големите натпреварувања. Сепак, мора да се стави акцент и на неговите репрезентативни колеги, како од минатото, така и од овој последен собир. Јасно е дека за многумина Лео е „фудбалско божество“, но ниво на професионализам мора да постои.

Впрочем, за Меси да гледа со сериозност на своите помлади колеги, тие мора тој респект да го заслужат со залагање и квалитет. А не се фотографирање со својот идол.

Се вчитува...