Тактизирање во ЛШ: Шест од шест во осминафиналето досега, 0-0 на полувреме

Почна нокаут фазата во Лигата на шампионите и веднаш е многу воочливо тактизирањето на екипите. Нема многу место за поправен испит и интересно, сите шест досегашни мечеви од осминафиналето на полувремето беа без голови.

Вечерашните дуели Ливерпул – Баерн Минхен и Лион – Барселона само го дополнија друштвото. Претходно, без голови по првиот дел беше и на мечевите Рома – Порто, Манчестер Јунајтед – ПСЖ, Тотенхем – Борусија Дортмунд и Ајакс – Реал Мадрид.

Се вчитува...