Тактото на Ванда јавно ја нападна ќерката – Цел живот сака „леб без мотика“

Таткото на најпознатата сопруга на фудбалер, Ванда Нара, Андрес Нара за аргентинските медиуми јавно ја нападна својата ќерка. Ванда веќе со години е во брак со фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди. Таа води сметка за кариерата на Икарди, а таткото на Ванда е разочаран од неговата ќерка и нејзиниот начин на живот.

„Ванда треба многу да учи од сестра и Заире. За разлика од неа, Ванда никогаш не ме слушаше и секогаш бараше „леб без мотика“. На крајот остана без слава и пари. Никогаш не можеше да сфати дека секој има свој живот, но без разлика на се секогаш ја штитев и сакав да им ја „скршам главата“ на сите кои говореа лошо за неа“, изјави Андрес Нара. 

Андрес и Ванда долги години се во лоши односи, а двајцата не комуницираат меѓусебно.

Се вчитува...