Такво време дојде, Реал да се радува на реми со Бриж

Реал Мадрид ремизираше 2-2 на домашен терен против Бриж, исход од „кралевите“ мораат да бидат и среќни ако се знае дека по првото полувреме имаа негатива од два гола. Зидан се коцкаше и ги изостави Бејл и Родригез од тимот, но „кралевите“ одиграа многу лош меч, спасувајќи бод со голот на Кашемиро во самата завршница.

Мечот почна кататрофално за „кралевите’, откако Денис ја искористи првата шанса на Бриж и го матираше Куртоа. Реал тргна во офанзива, но прими уште еден гол, овојпат Модриќ почетнички загуби топка на својата половина, повторно Денис влезе во шеснаесетникот и ја смести во мрежата.

Истиот фудбалер имаше шанса и за трет гол, повторно по грешка на Модриќ, на стартот од второто полувреме, но нововлезениот Ареола успеа да го запре неговиот удар. Токму таа одбрана на резервниот голман им даде сила на домашните фудбалери, кои наскоро потоа постигнаа гол преку Серхио Рамос. Помошниот судија најпрвин го поништи погодок, но со ВАР беше утврдено дека Рамос не е во офсајд, па главниот арбитар покажа кон центарот.

Потоа следеше период на слаба игра на „кралевите“, за пред самиот крај избраниците на Зидан да стигнат до реми преку Кашемиро.

Аталанта неочекувано загуби од Шахтјор со 1-2 на дуелот што италијанскиот претставник како домаќин го играше на „Сан Сиро“ во Милано. Иличиќ промаши пенал на самиот почеток од мечот, Аталанта успеа да поведе преку Запата, но гостите најпрвин израмнија со погодокот на Мораеш во 41. минута, за да го комплетираат пресвртот преку Соломон во петтата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...