Талески има други планови, не доаѓа во Вардар

Вардар испрати понуда до Филип Талески за да го врати левиот бек назад во мак-ракометот, но екс-капитенот на Металург ја отфрлил оваа можност бидејќи сака да остане во Германија. Талески моментно е без клуб по истекот на договорот со Балинген, „вардарци“ му нудеа можност повторно да заигра во Лигата на шампионите, но не успеаја да го убедат да се врати во Скопје.

Ова го соопшти тренерот Стевче Алушовски во разговор за „Балкан Хендбол“, обелоденувајќи дека контакт е воспоставен, а одговорот што го добил од Талески е неразбирлив за стратегот на „вардарци“.

„Јас не кријам дека сакам да го видам Талески во Вардар, тоа го кажувам јавно. Тој има понуда за летово да дојде во клубот, но се гледа себе  со Германија, Јас не ја разбирам неговата визија, исто како и онаа на Кузмановски, нбидејќи за мене сепак најдобро од се е да се работи во својата држава. Сепак, мораме да ги почитуваме нивните одлуки“, изјави Алушовски за „Балкан Хендбол“.

 

Се вчитува...