Талески промовиран во дресот на Викторија Плзен (ФОТО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Алекс Талески и официјално промовиран во дресот на чешкиот прволигаш Викторија Плзен.

18-годишниот довчерашен фудбалер на Вардар, по една сезона меѓу црвено-црните, се одлучи кариерата да ја продолжи во Чешка каде оваа година ќе игра за младинскиот тим на Плзен.

Талески е стандарден член на репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години.

Се вчитува...