Талески: Во овој Вараждин се ни се сврти наопаку…!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Еден од ракометарите на чиј грб треба да лежи иднината на македонскиот ракомет, Филип Талески очекувано разочаран по убедливиот пораз од Данска, но заокружувајќи го впечатокот за шампионатот потенцира дека очекувањата генерално се реализирани…, а сите помлади ракометари добиле огромно искуство за во иднина.

„Го почнавме извонредно ова Европско првенство. Имавме ситуација во Загреб на која никој искрено не се надеваше. Пренесовме во втората фаза три бода и почнавме како првопласирана селекција во вториот круг. Но, потоа на тој пат од Загреб кон Вараждин како некој малер се ни се сврти наопаку… Факт е дека покажавме дека имаме квалитет и дека можеме да бидеме рамноправни и подобри и од Словенија, и од европскиот шампион Германија, но во Вараждин ни се случија бројни негативни настани почнувајќи од повредата на Лазаров, лошото издание против Шпанија и несреќата против Чешка. Но, во секој случај овие два натпревари на шампионатот се едно огромно искуство за помладите како мотив повеќе за се што не очекува во иднина“ – изјави по мечот со Данска, Филип Талески.

Се вчитува...