Тамше: Вардар има мали слабости, а ние знаеме кои се

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Тренерот на Загреб, Бранко Тамше не сака да бира меѓу потенцијалните противници за утрешното финале во СЕХА лигата. Неговиот тим во минатата година загуби во пресметката за титулата од Вардар, а пред многу кратко време доживеа и два елиминациски порази во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Ги знаеме сите квалитети на Вардар, но им ги знаеме и малите недостатоци. Сега се чувствуваме дека имаме повеќе самодоверба и ќе одиме опуштено да играме ракомет. Ако ни се пружи шанса ќе ја грабнеме со две раце“ – вели Тамше по полуфиналната победа.

Загреб беше убедлив во дуелот со Нексе и сега е во очекување на разврската од вториот полуфинален меч меѓу Мешков Брест и Вардар.

Се вчитува...