„Тандем од соништата“: Пирло добива две врвни засилувања од Реал Мадрид

Јувентус се подготвува да донесе две врвни засилувања од Реал Мадрид, откако „старата дама“ го интензивираше интересот за ангажман на Иско и на Марсело. Шпанскиот репрезентативец Иско е бледа сенка од асот што до пред неколку години важеше за еден од најдобрите во светот на неговата позиција, поради што и вредноста на плејмејкерот осетно се намали и сега изнесува „само“ 40 милиони евра.

Што се однесува до Марсело, Бразилецот со платата од 12 милиони евра по сезона не ги оправдува очекувањата, па може да му биде дозволено да си замине за минимална отштета, особено во ситуација кога Менди е далеку постабилна опција како стартен лев бек.

Марсело важи за многу близок пријател на Кристијано Роналдо, па трансферот на Бразилецот би ги зголемил и шансите португалската суперѕвезда да го продолжи својот престој во таборот на „старата дама“.

Се вчитува...