Таневски: На полувремето во Струга се договоривме со играчите да дадеме максимум, и резултатот дојде

Вардар дојде до бод (2-2) на гостувањето против Струга Трим Лум и покрај негативата од 2-0 до 45. минута. Сепак, со голот од пенал на Дарко Мицевски и среќниот погодок на Дејан Блажевски во 96. минута, по грешката на домашниот голман, црвено-црните во Скопје се враќаат без пораз.

Тимот во Струга го водеше Златко Таневски, асистентот на Александар Васоски кој отсуствуваше поради семејна трагедија.

„Добар и содржаен натпревар се одигра во Струга. Сакам да им честитам на моите фудбалери кои покажаа карактер и покрај негативата од 2-0. Натпреварот не го започнавме најдобро тактички, изгледавме хаотично и многу нервозно, но како што одминуваше времето бевме се подобри. Голот од пеналот не врати во игра. На полувремето разговаравме отворено и си ветивме дека ќе одиграме подобро и така испадна“ – ни изјави по натпреварот Златко Таневски.

Се вчитува...