Таневски: Ремито со Шкендија секако носи мотив плус, но не е нешто „потресително“…

Александар Таневски на извонреден начин ги води „лавовите“ на стартот од новата сезона. Македонија ЃП од дуелите со двата, можеби, најдобри тима во лигата Шкендија и Вардар има четири бода.

Со мудра игра, тактички добро потковано, Македонија ЃП стигна до реми на гостувањето против Шкендија иако Таневски нагласува дека на едни такви дуели секогаш и среќата е неопходно за да се дојде до успех.

„Добро знаеме дека во Тетово секогаш е тешко да се остане непоразен, но ние успеавме во своите намери. Ремито секако е резултат кој носи мотив плус за продолжението од првенство, но да бидеме искрено и не е нешто со кое се ‘потресуваме’ затоа што пред нас се уште многу натпревари во ова долго првенство. И знаеме дека мора да бидеме на ниво во континуитет. Потребни се уште многу труд понаката и максимален ангажман на секој натпревар, како овој во Тетово, за да ги реализираме нашите цели“ – вели Таневски.

Македонија ЃП по три одиграни кола е на 4. место на табелата со 5 бода, и заедно со Академија Пандев и Ренова досега единствените три екипи без пораз на стартот од шампионатот.

 

Се вчитува...