Танкоски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со Марио Танкоски до јуни 2025 година.

Танкоски во Битола стигна во 2020 година од редовите на Металург, а сезонава е еден од најдобрите ракометари во таборот на „зелено-белите“.

„РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека ракометарот Марио Танкоски потпиша нов договор со нашиот клуб, заклучно со јуни 2025 година. Ова е продолжување на соработката со средниот бек за уште две сезони, со што клубот покажува континуитет и му укажува доверба на проектот и ракометарот. Тенденцијата најдобрите македонски ракометари да играат во нашиот дрес продолжува и во тој правец е следниот потпис. Танкоски дојде во Еурофарм Пелистер во пролетта 2020 година и со својот професионализам, пристап и човечност целосно се поклопува со клупските вредности“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...