Танцот на Вардар ја воодушеви и ЕХФ (ВИДЕО)

Ден по победата над Пик Сегед од 31-23 и „мангупското“ простување на ракометарите на Вардар од македонската публика, Европската ракометна федерација сподели видео на Твитер од „фештата“ која се одвиваше во Скопје. ЕХФ со видеото и покажа на Европа, како тоа се слави во Скопје, каде публиката и петнаесет минути по завршувањето на мечот не сакаше да го напушти СЦ „Јане Сандански“ и достојно ги испрати хероите кои изминатите години даваа максимум за „црвено-црниот“ дрес.

 

 

Се вчитува...