Тасевски: Колку и да има проблеми Вардар секогаш е голем клуб

Македонија Ѓорче Петров ќе му гостува на Вардар во дерби натпреварот од 17. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на тимот од Ѓорче Петров вели дека и покрај сите проблеми со кои се соочува Вардар секогаш е голем клуб и голем предизвик.

„Како прво имам голема почит кон Александар Васоски како тренер. Од друга страна какви и да „дуваат ветришта“ во Вардар тој секогаш е голем клуб и е голем предизвик. Последниот натпревар против Шкупи одиграа одлично и заслужија да победат. Иако сме заморени од згуснатиот распоред ние ќе дадеме максимум на мечот и одиме на победа. Се надевам дека ќе одиграме добар меч, а на крајот се разбира нека победи подобриот противник“, изјави Тасевски.

Натпреварот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра во недела со почеток од 13 часот.

Се вчитува...