Тасевски: Македонија ЃП оди чекор по чекор, сега размислуваме само на Работнички

Македонија ЃП му гостува на Работнички во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Ѓорче Петров сезонава игра во одлична форма и веќе се истакнува како еден од фаворитите за највисок пласман. Тренерот на тимот, Жикица Тасевски вели дека иако само по себе се наметнува прашањето за борба за титулата, тимот од Ѓорче оди чекор по чекор.

„Иако прашањето за борба за титулата само се наметнува се уште е рано да говориме за тоа. Ние како клуб одиме чекор по чекор, а токму следниот чекор е мечот со Работнички. Одличен тим предводен од одличен стратег. Имам соработувано со Ратко Достаниќ и иам многу добро мислење за него. Работнички е квалитетен тим, но има и свои мани. Добро ги анализиравме и ќе се обидеме да ги искористиме и да стигнеме до триумф. Мал проблем за нас ќе биде неиграњето на Абдул Басит Калид кој поради пет жолти картони ќе мора да го пропушти овој меч, но сепак во тимот имам фудбалери кои можат достојно да го заменат“, ни изјави Жикица Тасевски. 

Мечот од 12. рунда во ПМФЛ меѓу Работнички и Македонија ЃП е закажан за во недела во 13. часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...