Тасевски се договори со Славија Софија, од утре се приклучува на тимот

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски својата кариера ќе ја продолжи во бугарскиот прволигаш Славија Софија. Тасевски се договори со Бугарите а веќе од утре треба да се приклучи на подготовките на тимот во Анталија, Турција.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, 34-годишниот Тасевски официјално договорот ќе го парафира на 5. февруари по враќањето на тимот од Анталија.

Македонскиот фудбалер повторно се враќа во Софија, но сега во нов дрес за разлика од периодот од 2007 до 2012 кога играше за Левски.

Интерес за фудбалерот од средниот ред постоеше и од македонските прволигаши Академија Пандев и Беласица, но Тасевски се одлучи да ја прифати понудата од Славија Софија.

Се вчитува...