Ташовски од следната сезона во ТФТ: Ќе дадам се од себе да се покажам во најдобро светло

По успешната дебитантска сезона во Првата лига, ТФТ не одмара и работи напорно за она што следи. По продолжувањата на договорите со Иван Сапунџиев, Ландриус Хортон, Амир Смит и Брендон Бејли, како и ангажманот на Американецот Еј-Џеј Џон, „црно-белите“ сега се насочија и кон домашните засилувања, а прв е младиот талент Виктор Ташовски.

Деветнаесет годишникот претходната сезона би бранеше боите на Вардар, а беше еден од позапазените играчи во тимот со просек од 9,9 поени, 2,4 асистенции и 1,8 скока по натпревар за нешто повеќе од 27 минути поминати на паркетот.

„Му благодарам на Вардар за дадената шанса со кого имавме одлична соработка во текот на сезоната. Она што следи е ТФТ и навистина се радувам на шансата. Со нетрпение ја очекувам сезоната, ќе работам напорно и ќе дадам се од себе да се покажам во најдобро светло. ТФТ има одличен тим во кој верувам дека добро ќе се вклопам“, изјави за ЕКИПА, Виктор Ташовски.

Се вчитува...