Таткото на Јокиќ откри зошто Никола нема да игра за Србија

Таткото на најкорисниот играч во НБА, Никола Јокиќ, Бранислав откри зошто неговиот син нема да игра за репрезентацијата на Србија летово.

Актуелниот МВП одлучи летово да не и помогне на Србија во квалификациите за ЛОИ во Токио. Бранислав Јокиќ вели дека има три причини за оваа одлука на неговиот син.

„Има три или четири причини кои влијаеја на неговата одлука. Клубот нему не може да му забрани да игра за репрезентација, но исто така кажуваат дека ако можеш еден месец да не земеш топка во раце, немој да одиш во сала и ментално и физички пробај да се опоравиш. Тој веќе ќе мораше да е на подготовки и немаше да може да го испочитува тоа. Втората причина е менталната состојба. Тој ми кажа: „Тато мене се ме боли. Едноставно не можам“. Третата и најважна и најубава работа е што треба да стане татко. Мора да се врати во САД и сопругата таму да се породи. Снаата не смее да лета подоцна и затоа мора порано да заминат. Тоа се неговите причини ако сака некој може да разбере ако не сака не мора“, изјави Бранислав Јокиќ. 

 

Се вчитува...