Таткото на Јовиќ: Ако јас отворам уста, многумина ќе завршат во затвор…

Лука Јовиќ минува низ тежок период во Реал Мадрид, игра слабо и на оние малку натпревари на кои добива шанса, но уште поголеми проблеми за српскиот голгетер доаѓаат од татковината, откако се појави информација дека би можела да му биде изречена затворска казна од најмалку шест месеци поради прекршување на правилата за карантин на почетокот од пандемијата на коронавирус.

Српското обвинителство вчера објави дека против Јовиќ ќе биде покренато обвинение во кое ќе се бара затворска казна, откако фудбалерот не се согласил да плати пет милиони динари во хуманитарни цели. Со своја изјава синоќа се јави неговиот татко Милан Јовиќ, жестоко критикувајќи го атакот на државните власти врз фудбалерот на Реал Мадрид.

„Ако јас отворам уста, многумина ќе треба да завршат во затвор. Ако Лука треба да е во затвор, има уште многу кои пред него би требале да бидат зад решетки. И тоа токму оние кои би сакале мојот Лука да заврши таму. Откако замина во Реал Мадрид константно имаме проблеми, жално е што Србин на може да му прости успех на друг Србин, туку да му љубомори. Ова е се што ќе кажеме на темата, како семејство нема да се огласуваме повеќе, истото важи и за Лука“, изјави „Јовиќ Сениор“ за српската ТВ Нова.

Се вчитува...