„Брејди не е ниту блиску до одлука за пензија!

Откако викендот силно одекна информацијата дека легендарниот Том Брејди после 22 години во професионалниот американски фудбал (НФЛ) ќе замине во пензија и дека негов последен меч беше поразот со Тампа Беј против ЛА Ремс, таткото на 44-годишниот квотербек ги демантираше овие информации.

Брејди е икона на НФЛ има буквално сто рекорди и е најтрофеен играч со седум титули, па „ЕСПН“ повикувајќи се на релевантни извори објави дека квотербекот веќе ја донел одлуката од низа причини, меѓу кои дека сака повеќе да биде со семејството и поради здравствени причини, но Том Брејди сениор вели дека сето тоа не е точно.

„Том нема донесено никаква одлука. Конечна одлука дали ќе оди или нема да оди во пензија не постои. Секој што тврди поинаку е погрешно информиран“, рекол Брејди сениор.

Брејди првите 20 сезони од кариерата ги мина во Њу Ингланд Патриотс, а во последниве две игра за Тампа Беј, но уште кога заврши по две децении со Њу Ингланд се шпекулираше со негова пензија.

Се вчитува...