Таткото на Меси стави крај на гласините: Лео назад во Барселона, тоа не е возможно

Лионел Меси се уште нема одлучено каде ќе настапува следната сезона, а преговорите со ПСЖ се искомпликуваа. Дел од медиумите се уште ја наведуваат Барселона како една од можните дестинации, но таткото на Лео, Жорге Меси, кој воедно е и агент на аргентинската суперѕвезда ги разреши дилемите околу евентуалниот камбек на „Камп Ноу“.

„Не верувам дека Лео ќе се врати назад во Барселона. Тоа едноставно не е возможно, Барса има финансиски проблеми во кои не може да се вклопи камбекот на Лео. Се пишува се и сешто, но вистината е дека ниту сме добиле понуда од Барселона, ниту пак сме имале разговори со претседателот Лапорта. Не верувам ниту дека тоа ќе се случи во блиска иднина“, изјави Жорге Меси.

ПСЖ е единствениот тим со реални шанси да го задржи Меси во европскиот фудбал и во наредната сезона. Доколку Аргентинецот се реши за предизвик надвор од Европа, тогаш се очекува да почне трка меѓу бројни клубови од САД, Катар и од Саудиска Арабија.

Се вчитува...