Тато Дончиќ доби слободен ден, а Далас е „нула“ без него (ВИДЕО)

Далас на домашен терен, во отсуство на својот главен играч Лука Дончиќ, загуби од Мемфис со 94-108 во НБА лигата.

Без главната ѕвезда, Џоунс и Вилијамс постигнаа по 16 поени кај Далас, а Сет Кари дополни со 12 поени, додека Кајри Ирвинг воопшто не се прослави завршувајќи го мечот со само десет постигнати поени.

Дезмонд Бејн доминираше на терен со 30 поени.

Лука Дончиќ доби слободно од својот тренер затоа што стана татко, но очигледно е дека и тоа како недостасува за тимот во секој момент.

Сан Антонио, пак, без својот прв пик на драфтот Виктор Вембанјама загуби од Њу Орлеанс со 121-106.

Јонас Валанчијунас доминираше на овој натпревар запишувајќи „дабл-дабл“ од 24 поени и 12 асистенции. Мекалум постигна 19 поени, а Марфи мечот го заврши со 18 поени.

Се вчитува...