Тато Талант со право беше бесен: Хорор-повреда на Дани Душебајев

Талант Душебајев жестоко реагираше на бруталните стартови на ракометарите на Висла над играчите на Киелце, за што доби и црвен картон, но синоќа беше потврдено дека шпанскиот стратег сосема оправдано реагирал – откако беше обелоденето дека неговиот син Дани Душебајев заработил тешка повреда на коленото.

Левиот бек настрада при еден жесток старт врз него, а деталните прегледи покажаа сериозен проблем со коленото што ќе мора да биде решен со хируршки зафат. Се уште е неизвесно колку ќе изнесува паузата, но речиси сигурно е дека Душебајев не само што ќе ја пропушти завршницата од сезонава, туку нема да биде подготвен ниту за Олимписките Игри во Токио.

Ова е сериозен проблем и за Киелце, со оглед на фактот дека полскиот првак останува без важен играч непосредно пред осминафиналните дуели од Лигата на Шампионите против Нант.

Се вчитува...