Татум за триумф на Бостон во Портланд, Богдановиќ одличен во победата на Јута (ВИДЕО)

Бостон славеше со 115-116 на гостувањето против Портланд во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата.

Во натпреварот кој беше одлучен во завршницата, триумфот за Бостон го донесе Џејсон Татум со 32 поени и девет скока, додека кај Портланд најефикасен беше Демијан Лилард со 28 поени.

Бојан Богдановиќ одигра одличен натпревар во победата на Јута над Оклахома од 106-96. Богдановиќ беше најдобар стрелец со 23 поени, дополнети и со седум скока. Покрај Богдановиќ одличен беше и Мичел со 22 поени, додека кај Оклахома се издвои Дорт со 42 поени.

ЛА Клиперс славеше против Индијана со 115-126, предводени од Пол Џорџ со 36 поени, осум асистенции и седум скока, додека Маркус Морис постигна 22 поени. На спротивната страна, Малколм Брогдон заврши со 29 поени.

Феникс триумфираше против Мајами со 106-86. ДеАндре Ајтон заврши со 19 поени и 13 скока, а најдобар кај Мајами беше Џими Батлер со 18 поени и осум асистенции.

Се вчитува...