Тажен крај за Федор: Најбрутален пораз во кариерата, по само 35 секунди… (ВИДЕО)

Еден од најголемите ММА борци, Федор Емелианенко синоќа ја имаше веројатно последната борба во кариерата.

Федор за крај на ММА кариерата доживеа најбрутален пораз откако борејќи се за шампионскста титула загуби по само 35 секунди со нокаут од Американецот Рајан Бадер.

Славниот Русин беспомошно остана да лежи на подот откако доби разорно лево кроше во брадата, па судијата веднаш го прекина мечот. Бадер, на тој начин, влезе во историјата како прв борец со две титули под оваа организација.

 

Американецот на крајот со полна почит зборуваше за Федор честитајќи му на одличната кариера и порачувајќи дека му било чест што се борел со еден од најголемите во овој спорт.

Се вчитува...