Тажен крај за „кралот“: Усеин Болт падна пред целта во штафетата 4х100

Усеин Болт посакуваше на славен начин да се збогува од атлетиката во, како што најави, последната своја трка во кариерата вечерва во штафетното финале 4х100 метри на Светското првенство во Лондон.

Но тажен крај доживеа Болт, откако во последната замена за Јамајка поради повреда на задната ложа падна пред целта. Така најбрзиот човек на денешницата кој ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри, неславно ја завршува својата кариера. Иако има само 30 години најави дека се повлекува, и покрај тоа што многумина очекуваат сепак да се премисли.

Златниот медал во финалето го освои Велика Британија со време од 37,47 секунди, втори беа Американците (37,52 секунди), а третопласирана беше јапонската штафета (38.04 секунди).

Се вчитува...