Родителите на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко од денеска и официјално се бездомници. Тие се на улиците во Хамбург, каде што бараат да се сокријат од дождот, кој е присутен во овој град.
Ова е како резултат на фамилијарната караница меѓу фудбалерот и неговиот татко, па така откако наполнил 18 години, се откажал да им помага и ги прекинал сите врски со својата фамилија.
Неговиот татко, мајка и браќа и сестри ќе мора да се соочат со ново поглавје, иако нивниот син и брат заработува 6 милиони евра годишно во таборот на „милионерите“.
Караницата почнала пред роденденот на играчот. Јусуфа и неговиот татко цело време биле во расправа околу економскиот дел. Играчот пресекол дека ќе чека да наполни 18 години и самиот да одлучува што ќе прави, кога требало да потпише нов договор со Борусија.
Со тоа родителите повеќе не можеле да плаќаат трошоци за куќата во која престојувале. Згора на тоа родителите набиле и долг од 500.000 евра, имотот е ставен под хипотека а тие заминале во прифатен центар за бегалци.
„Персоналот најде добро сместување за нас, тоа е добро. Јас работам. Немам само еден син, туку имам шест“, рече Марие, мајката на Јусуфа.
„Нашиот син повеќе не не издржува. Но, и натаму не би сакал да кажам лош збор за него“, рече таткото Јосеф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА