Тажна вест: Почина кошаркарот што претрпе инфаркт на терен

Нова тажна вест пристигнува вечерва од светот на спортот, откако кошаркарот Зек Апшоу, кој вчера претрпе срцев удар среде натпревар ја загуби својата најважна битка.

Апшоу (26 години) падна на теренот за време на дуелот на неговиот тим Гранд Рапидс драјв против Лонг Ајланд нетс, по што експресно беше пренесен во болницата „Спектрум“. Лекарите таму дваесетина часа се бореа за неговиот живот, но за жал не успеаја да го спасат.

„По континуираните напори на медицинскиот тим во клиниката Спектрум, Зек од денеска повеќе не е меѓу нас“ – објави Гранд Рапидс.

Се вчитува...