Карлос Алкараз ја освои титулата на АТП Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс откако во финалето славеше над Русинот, Данил Медведев со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-2. Поради тоа што не му е дозволено на Новак Ѓоковиќ да игра во САД, шпанскиот тенисер се врати на врвот на АТП листата.
Медведев по мечот изјави дека е тажно тоа што Ѓоковиќ не може да игра на турнирите во САД, но дека Алкараз заслужено се врати на првото место.
„Не одиграв најдобро. Се случува. По мојата победа над Новак во Дубаи го кажав истото „да, играв добро, но Новак не одигра како што може“. Зошто не одиграв најдобро? Не знам. Можеби поради неговите удари, можеби поради ветрот, поради неговиот стил на игра полесно се поминува низ ветрот. Немам вистински причини, понекогаш ги нема во тенисот. Разочаран сум од резултатот во финалето, но среќен сум со резултатот – горд сум на ова финале, бидејќи ова е многу спора подлога и ова е добар резултат за мене. Освоив многу бодови, а со нетрпение го чекам Мајами. Мислам дека Алкараз е заслужено број 1 Жално е што Новак не може да игра на сите турнири, сигурен сум дека сите би сакале да игра бидејќи секогаш е добро да го гледате на теренот. Но, тоа е што е“, изјави Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА