Белгија се пласираше во осминафиналето од ЕВРО 2024, но навивачите не беа задоволни откако „црвените ѓаволи“ во завршницата од вчерашниот дуел со Украина буквално ги бранеа оние 0-0, не тргнувајќи кон противничкиот гол.
Капитенот Де Бруине и фудбалерите беа „наградени“ со свирежи од трибината каде се наоѓаа белгиските навивачи, а селекторот Доменико Тедеско не ја криеше шокираноста од оваа случка.
„Искрено сум изненаден, не очекував вакво нешто. Ја остваривме целта со пласанот во следната фаза. По поразот во првото коло не ни беше лесно,но успеавме да најдеме сила и да освоиме четири бода. Играчите исто така се шокирани, не разбираат зошто добија свирежи од нашите навивачи. Неопходна ни е поддршка, потребни сме си едни на други… Украина беше тежок противник, ние се обидовме да дадеме гол, не успеавме, но се пласиравме во осминафиналето“, изјави Тедеско.
Следен противник на Белгија на овој европски шампионат ќе биде селекцијата на Франција, меч што ќе се игра в понеделник со почеток во 18 часот во Дизелдорф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА