Тејтум го одведе Бостон во плеј-оф, Вашингтон и Индијана за последното место на истокот (ВИДЕО)

Бостон Селтикс ќе биде седми носител во плеј-офот во источната конференција откако во плеј-ин фазата го совлада Вашингтон Визардс со 118-100. Џејсон Тејтум со 50 поени беше прво име кај победникот, додека кај Визардс Бил заврши со 20 поени.

За последното место кое води во плеј-офот на истокот Вашингтон ќе игра против Индијана која синоќа го декласираше Шарлот со 144-117. Домантас Сабонис со 14 поени, надополнети со 21 скок и 9 асистенции беше најдобар кај Пејсерс, додека кај Хорнетс Мајлс Бриџис уфрли 23 поени.

Се вчитува...