Телото на Сала ќе биде транспортирано во Аргентина, сопственикот на Кардиф ќе ги плати трошоците

Телото на трагично загинатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала в петок ќе биде испратено во неговата родна земја. Од аеродромот во Буенос Аирес ќе патува шест часа до Прогресо во провинцијата Санта Фе, каде во просториите на матичниот клуб Сан Мартин ќе се одржи церемонијата на бдеење.

Сопственикот на Кардиф, клубот за кој потпиша рекорден договор, Винсент Тан, понудил да ги плати трошоците за транспортот.

Емилијано Сала животот го загуби во авионска несреќа патувајќи од Нант кон Кардиф каде што требаше да ја продолжи кариерата. Телото беше пронајдено во остатоците од леталото по две седмици во приватно финансирана потрага.

Се вчитува...