Тен Хаг ќе ја враќа славата на Манчестер Јунајтед со двајца репрезентативци на Англија

Ерик Тен Хаг е блиску до „жешкото столче“ во Манчестер Јунајтед, а холандскиот стратег славата на „црвените ѓаволи“ ќе ја враќа со две екстра засилувања, пренесуваат англиските медиуми. Станува збор за Хари Кејн од Тотенхем и Деклан Рајс од Вест Хем кои и во минатото беа желба на манчестерскиот клуб.

Хари Кејн изминатото лето беше пред заминување од Тотенхем и премин во Манчестер Сити во потрага по трофеи, но трансферот на англискиот голгетер пропадна, а работите во редовите на „петлите“ не се променија па се погласни се шпекулациите дека ова лето 28-годишникот ќе ја добие посакуваната промена на средината.

Манчестер Сити во меѓувреме ги насочи погледите кон Ерлинг Халанд па се отвара можноста Кејн да пристигне во Манчестер, но во „црвената страна на градот“. Слична е ситуацијата и со Деклан Рајс кој во минатото беше желба на Челси, но со промената на раководството на „сините“ се менува и ситуцијата. Сега Манчестер Јунајтед е во предност за услугите на „чеканите“, но неговиот договор истекува во 2024 година па реализацијата на трансферот нема да биде лесна, поготово доколку се земе во предвид дека Вест Хем бележи и успех на интернационалната сцена.

Вкупната вредност на двата трансфери ќе изнесува околу 250 милиони фунти, но парите досега не беа проблем за „црвените ѓаволи“, а се очекува да не бидат ниту овојпат кога клубот најавува почеток на нова ера под водство на трофејниот холандски стручњак.

Се вчитува...