Тен Хаг прва опција за преземање на Манчестер јунајтед

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг е прва опција за тренерското место во Манчестер јунајтед следната сезона, пренесуваат англиските медиуми. Младиот холандски стратег завршува одлична работа од 2017 година во Ајакс.

Во холандскиот шампионат досега освои две титули, а во исто толку наврати се радуваше и во националниот куп. Најголем успех направи во 2019 година кога Ајакс го доведе до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде несреќно загуби од Тотенхем.

Манчестер јунатјед најави дека Ралф Рагник ќе го води тимот само до крајот на сезоната, а потоа ќе донесат одлука за тоа кој ќе го наследи на купата на тимот од „Олд трафорд“.

Се вчитува...