Тен Хаг: Реал има ментален проблем кога не игра Рамос

Ајакс се соочува со невозможна мисија, да го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но тренерот Ерик тен Хаг верува во чудо. Холандскиот гигант промаши неколку одлични шанси при поразот од 1-2 на првиот натпревар во Амстердам, но Тен Хаг е убеден дека неговиот тим ќе има уште повеќе простор во нападот, со оглед на фактот дека кај Реал ќе недостига „командантот на одбраната“, Серхио Рамос.

„Рамос е врвен фудбалер, згора на тоа тој е и шеф во тимот на Реал. Отсуството Рамос не е само тактички, туку и ментален проблем за „кралевите“. Јасно е дека тие се послаба екипа кога Серхио не е на теренот, на нас ќе биде да го искористиме тоа“ – изјави Тен Хаг во пресрет на вечерашниот реванш.

Реал имаше слична ситуација и во ланското четвртфинале со Јувентус, кога по убедливата победа во Торино на реваншот настапи без Рамос, па се спасуваше со сомнителен гол од пенал во судиското продолжение.

Се вчитува...