Тенисерот кој ја направи најголемата сензација на Вимблдон – „Путин ќе ти играме на гробот“

За жал светот се наоѓа во многу лоша ситуација по нападот на Русија над Украина. Веќе скоро една недела трае војната во Украина, а во неа се вмешани и дел од украинските спортисти кои одлучија да земат оружје и да ја одбранат својата земја.

Еден од нив е и тенисерот Сергеј Стаховски кој најмогу ќе биде запаматен по тоа што го елиминираше Роџер Федерер во 2. коло на Вимблдон во 2013 година. Тој испрати порака до претседателот на Русија, Владимир Путин која го разбранува светскиот спорт.

„Путин ќе ти играме на гробот“, порача Стаховски. 

 

 

Се вчитува...