Тениската федерација на САД: Се надеваме дека Новак ќе биде дел од УС опен

Новак Ѓоковиќ втора година по ред не може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против корона вирусот. Сепак, откако ќе ги пропушти Индијан Велс и Мајами, најверојатно летово ќе може да замине во САД.

Има најави дека Американците во мај ќе ги променат правилата за влез на невакцинирани странци во САД. Така, Новак би можел да влезе во таа земја за да биде дел од Мастерсот во Синсинати и УС Опен, а тениската асоцијација на САД исто така се надева дека Ѓоковиќ ќе биде дел од овие турнири.

„Правилата за влез во САД ги одредува Белата куќа. Се надеваме дека правилата што го спречуваат Новак да влезе во САД ќе бидат укинати или ублажени во блиска иднина. За Отвореното првенство на САД, нема ограничувања за Ковид за ниту еден играч, навивач… Новак, еден од најголемите шампиони во нашиот спорт ќе биде добредојден да се натпреварува на УС Опен во 2023 година“, изјави портпаролот на УСТА, Крис Видмаер.

Се вчитува...