Тениско шоу подолго од три часа – Ѓоковиќ со пресврт до 92. титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ стигна до својата 92. титула во кариерата, откако српскиот тенисер во извонреден меч успеа во финалето во Аделаида да го совлада Американецот Корда со 2-1 во сетови. Српскиот ас покажа фантастичен карактер, враќајќи се од 0-1,спасувајќи меч-топка во вториот сет, за на крајот да слави во овa тениско шоу кое траеше подолго од три часа.

Корда беше подобар противник во првиот сет, но Американецот се блокираше во клучните моменти, правејќи пет неизнудени грешки при првите пет сет топки што ги имаше (првите три, при 40-0 на свој сервис при водство од 5-4 во гејмови). Американскиот тенисер сепак собра сили и славеше со 10-8 во првиот сет, по што во вториот можеше да се проследи максимално израмнета игра.

Кодра доби меч-топка на сервис на Ѓоковиќ, но Србинот успеа да се спаси, па потоа во тајбрејк да слави со 7-3 и да го израмни резултатот во ова финале.

Фаворитот не искористи две брејк шанси на стартот од решавачкиот сет откако Кодра се спаси со низа фантастични сервиси, но затоа Ѓоковиќ мајсторски ја искористи првата меч топка што му се укажа, при 30-40 на сервис на противникот, за конечни 6-4 и трофеј за почеток на новата година на најдобриот тенисер на денешницата.

Се вчитува...