Тенисот има ново „чудо од дете“ – Алкараз го урна рекордот на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз е новото чудо на светскиот тенис откако шпанскиот тенисер славеше на Мастерс-турнирот во Мајами, во финалето совладувајќи го Каспер Руд со 2-0 во сетови. Со тоа, 18-годишниот Алкараз стана најмлад освојувач на Мастерсот во Мајами, уривајчи го рекордот на Новак Ѓоковиќ, кој во 2007 се закити со трофејот на 19-годишна возраст.

Руд подобро го отвори мечот, прв стигна до брејк и водство од 3-0 и од 4-1, но Алкараз се врати и го доби првиот сет со 7-5. Полн со самодоверба, Шпанецот го отвори вториот сет со водство од 3-0, за конечни 6-4 и свој прв мастерс-трофеј во кариерата.

„Немам зборови со кои можам да опишам како се чувствувам во моментов. Освојувањето на првиот мастерс-трофеј е навистина нешто посебно“, изјави новото тениско „чудо од дете“.

Се вчитува...