Скромно прво полувреме одграа Шпанија и Аргентина во толку очекуваното финале на Светското првенство 2026, одигрувајќи без гол 45 минути.
Шпанците беа подобар тим на теренот со три конкректни обиди кон голот на „гаучосите“, наспроти Аргентина која иако бранител на титулата никаде ја немаше.
Јамал уште во 4. минута по одлична акција имаше можност, но со слаб шут кон аргентинскиот гол, потоа и Ојарзабал во 39. минута имаше обид но лесен плен за Мартинез, и на крај Кукуреља во 44. минута исто имаше шут од добра позиција но покрај голот.
И, тоа беше буквално се од првото полувреме…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
