Тензија во Сити – тројца фудбалери ги пакуваат куферите со цел да му направат место на Кејн?

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити напорно се обидува да го ангажира капитенот и напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн. Засега успеаја да го притиснат англискиот напаѓач и накратко да го одвојат од теренот, што предизвика револт кај навивачите на „Спарс“, но сепак ништо засега не се смени во размислувањето на Хари Кејн, па тој и понатаму сака да тргне во нова авантура.

Сити веќе „искешира“ 100 милиони фунти за новата „топ десетка“ на клубот Џек Грилиш. Како што рече Пеп, му биле платени 40, со оглед на тоа што „нето“ приходите на Сити минатата година изнесувале 60 милиони. Сега следи ловот по Кејн, кој нема да биде ефтин, а богатите сопственици на овој клуб побрзо би собрале пари за него со продажба на одредени фудбалери.

Пристигнувањето на Кејн дефинитивно би ја зголемило конкуренцијата на Манчестер Сити, а бидејќи Пеп сака да го користи Феран Торес како „лажна деветка“ многу повеќе од Габриел Хесус, постои шанса Бразилецот да најде нова дестинација. Се разбира, неопходно е да стигне задоволителна понуда за него, која во моментов ја нема.

Пристигнувањето на Грилиш исто така може да значи дека Бернардо Силва ќе биде вишок. Всушност, тој не личеше на себе во вториот дел од минатата сезона, па дури и тогаш, разделбата беше на повидок. Трет на листата за „пакување куфери“ е Ајмерик Лапорт, за кого нема место во првата постава.

Гвардиола би можел да добие значителни средства за овие тројца играчи, со што практично би ги покриле трошоците за трансферот на Хари Кејн, а тоа е она што го сакаат во редовите на клубот од „Етихад“.

Се вчитува...