Веќе извесно време, социјалните мрежи ја шират тезата дека Аргентина е повеќекратно привилегирана на Светското првенство 2026.
Денеска, кога се игра полуфиналето против Англија во 21 часот, тие приказни се интензивираат. Откако започна нокаут фазата, љубителите на теориите на заговор истакнуваат дека нејзината привилегирана позиција се рефлектира во фактот дека нејзините противници на патот до полуфиналето беа Зеленортските острови, Египет и Швајцарија.
Номинално наводно далеку полесни противници од другите полуфиналисти. Фактите дека Аргентина победи два од трите „лесни“ противници споменати само по продолженијата, додека губеше со 0-2 од Египет до 79. минута, не значат ништо за теоретичарите на заговор.
Покрај тоа, во победата над Египет со наводна голема помош на судијата, тие наоѓаат нови потврди во заговорот за да им се олесни на Аргентина и Меси да ја одбранат светската титула.
Сега, пак, се истакнува дека Аргентина беше привилегирана и за време на извлекувањето на групите за Светското првенство, во кое беше извлечена во група со Австрија, Алжир и Јордан.
Видео од извлекувањето е споделува на социјалните мрежи…
🚨 𝗥𝗘𝗠𝗜𝗡𝗗𝗘𝗥: Argentina were not originally drawn into Group J.
During the live World Cup draw, they were moved with no proper explanation given.
Everyone carried on as though it never happened but watch Didier Deschamps. He knew.pic.twitter.com/Wtu3l6lEmb
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) July 15, 2026
„Аргентина првично не беше извлечена во Групата Ј. За време на ждрепката во живо за Светското првенство, тие беа преместени без вистинско објаснување. Сите се однесуваа како ништо да не се случило, но погледнете го Дидие Дешамп. Тој знаеше“ – пренесуваат некои.
Но, тоа е неточно. Аргентина беше извлечена во Групата Ј место во Групата И за да се одржи одвоен пат до полуфиналето во однос на Шпанија, како што беше објавено во емитувањето на извлекувањето, и во согласност со ограничувањата на ФИФА за извлекување. Бидејќи правилата не дозволуваат четирите најдобропласирани репрезентации од ранг-листата на ФИФА да се сретнат пред полуфиналето. И, тоа е вистината!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
