Тепачка во редовите на шампионот – Грин го нападнал со боксови Пул

Двете ѕвезди на актуелниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин и Џордан Пул имале жестока тепачка на еден од тренинзите како дел од подготовките за новата сезона во најсилното кошаркарско првенство во светот.

Според ЕСПН, Грин замавнал кон Пул за време на тренингот и го удрил откако прво се расправале, а потоа почнале да се туркаат. Пул по жестоката пресметка за среќа поминал без повреда.

Веднаш по инцидентот тренерскиот тим на Вориорс веднаш го прекинал тренингот. Грин кој веднаш по инцидентот му се извинил на Пул и на соиграчите, се очекува да биде казнет поради нападот кон својот соиграч.

 

 

Се вчитува...