„Тепачот“ Лесор МВП на колото во АБА

Кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор е прогласен за најкорисен играч (МВП) на 21. коло во АБА лигата, објави сајтот на натпреварувањето. Францускиот центар во понеделникот ги предводеше црно-белите до пресврт победа над Црвена Звезда (92-81).

За неполна 31 минута на теренот забележа 27 поени, осум скока, две асистенции, една украдена топка и постигна индекс на корисност 38.

По завршувањето на натпреварот Лесор ја уништи цела одлична партија со тоа што тргна да се тепа со противничкиот кошаркар Филип Петрушев.

Се вчитува...