Тепачот Лесор заработи суспензија

Кошаркарот на Партизан, Матиас Лесор е суспендиран и нема да ги игра следните три натпревари во АБА-лигата, бидејќи два пати физички го нападна кошаркарот на Црвена звезда Филип Петрушев на крајот од натпреварот од 21. коло од регионалниот шампионат.

Покрај тоа што нема да ги одигра следните три натпревари од АБА лигата, Лесор е казнет и со 10.000 евра. По инцидентот кој се случи веднаш по крајот на натпреварот, Црвена звезда излезе со соопштение во кое побара реакција од АБА-лигата, а Филип Петрушев на покана на МВР дал изјава во полиција.

Сега веќе традиционалната „војна“ со изјавите на вечните ривали продолжи и потоа, откако првиот човек на Партизан, Остоја Мијаиловиќ одговори на изјавата на Црвена звезда.

Партизан го доби дербито со резултат 92-81, иако Звезда во еден момент имаше и плус дваесет.

Се вчитува...