Тер Штеген е незадоволен на „Камп ноу“

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, e пред заминување од клубот, пренесуваат шпанските медиуми. Германскиот голман е незадоволен во клубот бидејќи е разочаран од недостаток на тренинзи и сериозен пристап кон голманите во тимот. Истиот извор наведува дека дел од тимот смета дека за новиот тренер Кике Сетиен, Барселона е преголем предизвик.

Тер Штеген на „Камп ноу“ пристигна во 2014 година од редовите на Борусија Менхенгладбах за сума од 12 милиони евра. Во Барселона стана еден од најдобрите голмани на светот. Четири пати ја освојуваше Ла лига и Купот на кралот, а по еднаш Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Се вчитува...